ePDD

Прегелд на PDF

Тука можете да го погледнете корисничкото упатство за ePDDWin     

  Преземање на инсталацијата

Тука можете да ја преземете апликацијата ePDDWin  

 

 ePDDWin е десктоп програма, која служи за подготовка на xml фајл за плаќање кон физички лица, кој подоцна се прикачува на сервисот ePDD од Управата за јавни приходи. Таа претставува алтернатива на web апликацијата на сервисот. Карактеристиките на ePDDWin се:

  •  во базата се содржани шифрарниците за видови и подвидови на приходи и видови на плаќања
  • матичните броеви на физичките лица кон кои се врши плаќање, како и нивните трансакциски сметки се внесуваат еднаш во базата и потоа се наоѓаат автоматски кога се внесува ставката за плаќање
  • овозможува автоматска пресметка на персоналниот данок и одбитоците од бруто кон нето и од нето кон бруто
  • овозможува автоматска пресметка на ДДВ, за случаевите каде физичките лица се ДДВ обврзници
  • овозможува автоматско повторување на на веќе извршени плаќања (нпр. нема потреба да се внесуваат ставките една по една за К-15, може да се генерираат врз база на плаќањата од претходната година)
  • не е потребна интернет конекција за време на подготовката на фајлот, туку само за неговото прикачување (плаќањата можат да се подготват порано, а фајлот да се прикачи подоцна)
  • апликацијата можат да ја користат и книговодители, бидејќи може да работи и со повеќе исплаќачи
  • апликацијата работи во мрежа

Апликацијата ePDDWin може да ја користат сите правни лица во РМ. 

Програмата функционира така, да најпрво се подготвуваат ставките за плаќање, потоа се селектираат оние ставки кои се реализираат, за нив се креира xml фајл, кој најпосле се прикачува на сервисот ePDD.